X
 15.03.2022 Живот

Моето дете чувствува одбивност кон мене, не дозволува да го допрам, ниту да го нахранам. Не знам како да постапам

Мајка сум на 3-годишно дете и реално не можам да се справам со него. Ова се случува во последните два месеца. Претходно можам да кажам дека имав послушно дете. Станува збор за темпераментно и хиперактивно дете. Моментално моето дете чувствува одбивност спрема мене, не дозволува да го допрам, ниту да го нахранам, ниту да го пресоблечам. Сето ова се случува откако ќе се симне кај баба му и ќе поигра час или два. Вели: „Баба ќе ме нахрани, не те сакам тебе!“ Бега од дома и оди кај баба му, а оттаму мораме со врескање и пискање да го извадиме. Реално никогаш не сум применила тепање, а го карам ретко, речиси никогаш. Не знам дали има влијание тоа што почна да оди во градинка пред 3 недели, а исто така имаме проблем и со столицата, не сака да кака и свесно кажува дека не сака. Речиси 3 години бев постојано со него, без воопшто да се одделам. Постојано игравме разни игри и додека играше со другарчиња, ме бараше да бидам во негова близина. Сето тоа се смени, а не ја знам причината, ве молам за совет, не знам како да дејствувам.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот