Имам близнаци – девојче и момче од 2 години. Сѐ уште не сакаат да јадат цврста храна. Не знам како да ги натерам да јадат. Дополнителен проблем кај момчето е што во моментов му растат заби, па сега не сака да јаде никаква храна, дури ни пасирана. Пие само сок и млеко.
Плус, често има напади на нервоза при кои си ја удира главата. Хистерично писка и многу е нервозен. Се буди навечер на секои два часа и има напади на нервоза додека да заспие. Не знам како да му помогнам. Да напоменам дека сѐ уште не зборува, за разлика од сестра му која веќе сврзува и реченици.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк.