X
 15.04.2023 Живот

Јапонците почнаа да градат подвозници за желки на пругите

Желките во близина на јапонската провинција Нара сега имаат безбеден премин преку локалните железнички шини. Имено, малите желки често знаат да се заглават во механизмите на пругите кои го менуваат правецот на патеките.

Кога тоа ќе се случи, не само што умираат желките, туку и шините не функционираат целосно и мора да бидат сервисирани пред да продолжи сообраќајот.

Ова се случило 13 пати помеѓу 2002 и 2014 година. За да ги спасат животите на желките и да спречат понатамошни нарушувања на сообраќајот, јапонските железничари изградиле тунели под шините за желките.

Овие бетонски тунели во форма на буквата U се наоѓаат под железничките пруги, што им овозможува на желките да преминат на полесен начин. Работниците ќе ги проверуваат тунелите за желки за време на периодичните инспекции на пругата и сите заглавени желки ќе ги преместат во аквариум.



Извор: Jutarnji.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот