X
 18.09.2018 Живот

Важни животни лекции од Јапонците - љубезноста е повеќе од „фала“ и „до гледање“

Ејми Чавез е американска новинарка која живее во Јапонија и пишува колумни за мистериозни земји за неколку западни публикации.

Кога првпат стапнала во Јапонија, таа била воодушевена од тоа колку сѐ е ефикасно и со ред. Улиците се чисти, возовите пристигнуваат навреме, а луѓето се тивки и љубезни, можеби малку ексцентрични, но тоа им дава посебен шарм. Никој не се враќа од оваа земја каков што бил.

Ова се главните впечатоци на оваа новинарка, кои би можела да ги примени секоја земја:

Секогаш врати ја услугата, без оглед на сѐ!

Во Јапонија брзо се учи дека не само што треба да се прифати некоја услуга туку треба и да се врати. Тоа не мора да биде нешто големо, но би требало да покаже благодарност. Ако, на пример, некој ви помогне да внесете нов кауч во домот, тогаш треба да возвратите, макар тоа било и купување пијалак.

Љубезноста е повеќе од „фала“ и „до гледање“

Љубезноста и манирите се важни во јапонската култура. Ако на улица прашате некого да ви ја покаже улицата, тогаш минувачот ќе ви ја нацрта мапата или ќе ве однесе каде што треба да одите. Љубезноста во овој случај значи несебичност, а тоа значи дека:

Јапонците ги ставаат другите пред себеси

Најдобриот начин да им покажете на другите колку се важни е да ги ставите на прво место. Направете мали отстапки, услуги. Во јапонските домови постои и специјално место за седење за гостите, кое е најубавото место во домот.

Никој од групата не е исклучен

Не постои таква работа како што е излегување на пијалак или некоја забава на која се оди само со еден колега. Сите се повикани! Така, ги нема тие непријатни моменти кога некои луѓе подоцна ќе сфатат дека не биле повикани.

Јапонците умеат да слушаат


Јапонците секогаш ќе ви дадат шанса први да го изразите вашето мислење. Тие умеат да слушаат. Важно е да се слушаме едни со други и да не се натпреваруваме кој попрво ќе каже нешто. На тој начин стануваме потолерантни и помалку ги осудуваме различните погледи и размислувања.

Јапонците не се националисти


Сите ние (помалку или повеќе) ја сакаме земјата од каде што потекнуваме. Но, безнадежно е да им се покажува на странците дека вашата земја е најубава и најдобра. На крајот на краиштата, не постои „најдобра работа во светот“.

„Ганбару“ - работете најдобро што можете


За „ганбару“ не постои соодветен термин. Многу се откажуваат од нешто кога дознаваат дека за него се потребни повеќе време, пари и енергија отколку што планирале. Во Јапонија се очекува секоја работа што сте ја започнале да ја завршите (докрај).

Ветувањето треба да биде исполнето

Во Јапонија кога некој нешто ќе ви вети, тогаш тоа навистина го мисли. И не го заборава, без оглед на сѐ. Гостинот ќе дојде ако така кажал, дури и ако надвор врне. Ако во некој случај не може да дојде, тогаш ќе се јави да се извини или ќе испрати некого наместо него.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот