Да се има дете генијалец изгледа како билет за успех, но во игра се многу повеќе фактори. Честопати, детето кое е попаметно од просечните деца полесно ги учи сите задачи и не се труди доволно за да го постигне истиот резултат како и останатите, поради што подоцна во животот може да вложува помалку труд. Проблемот е во тоа што за да се постигне било што во животот, ќе мора некогаш да се работи напорно. Ова може да претставува фрустрација за детето кое отсекогаш добивало сè полесно.
Пред сè, како да се препознае генијалецот во детето?
Искуствата на педагозите и родителите покажуваат дека децата генијалци се исклучително љубопитни, за почеток. Тие имаат напредна имагинација и супериорна интелигенција. Поседувањето способности и вештини како аналитичко размислување, способност за споредување и поврзување, вештини за јазик, способност за визуелизација се моќта на детето за развивање на талентите. Комбинацијата на овие способности и вештини го даваат талентот на детето за одредена област. Така, генијалците во областа на лингвистиката и социологијата користат аналитички вештини за интуитивно да ги разберат правилата, динамиката и др.
Патриша Портер, педагог кој работи со родители и деца за постигнување поголем успех на училиште посочува и кон друг вид генијалност која може да се јави кај детето.
„Вашиот живот ќе биде пекол“, вели таа.
„Вашето дете можеби нема да има пројатели, ќе биде осамено, ќе му биде здодевно на часовите, нема да може да одржи комуникација со останатите итн“, додава таа.
Какво образование треба да добијат овие деца?
Истражувањата покажале дека децата кои започнале да одат на училиште порано врз основа на своите интелектуални способности, наместо возраста, добиваат еднакви резултати како и оние кои се постари од нив. Родителите и наставниците може да бидат поголеми борци за подобро образование за овие деца и да работат заедно за создавање подобра образовна околина за нив.
„Успешното планирање на образованието за децата генијалци бара позитивна соработка помеѓу родителите (кои, сепак генерално подобро ги знаат своите деца од било кој друг) и наставниците во училиштата кои родителите ги одбрале за своите деца“, пишува Роџерс.
Соодветно, училиштата кои се сметаат за најефективни во
поглед на ова се оние чии наставници и вработени имаат внимателен однос кон ваквите студенти и кон нивните родители и се подготвени да истражуваат за образовните активности кои не биле иницирани претходно.
Ваквиот начин на функционирање бара:
- Проценка на потребите. Откривање што им се случува на надарените ученици во областа и соодветно дејствување.
- Планирање. По откривањето на околината во која се наоѓаат учениците, наоѓање начин за соодветно претставување на методите пред родителите.
- Контактирање. Контактирањето на родителите и нивно известување за одлуките може да се изведе на формален или неформален начин.
- Завршна проценка. Проценка на ефектите од применетите методи ги покажува резултатите и отвора нови идеи за методите понатаму. Ова е процес кој продолжува и кружи.
Што се однесува до родителите, Расел посочува кон неколку работи:
- Препознавање на наставниците кои го препознаваат талентот на детето.
- Верување дека детето има право за добро образование според своите интелектуални потреби.
- Познавање на детето и неговите интелектуални способности.
Истражувањата на надарените индивидуалци покажува дека оние кои биле најзадоволни со своите животи имале родители кои ги разбирале и поддржувале. Детето има потреба од флексибилност и да има можност за интелектуална, креативна, социјална и емоционална стимулација, а родителот треба да одбегнува казнување и да го препознава специфичното однесување на детето.