Бројот на умрени лица во Македонија во 2022 година изнесува 22.459 и е намален за 21,2% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупно умрените лица, поголем број се од машки пол, и тоа 11.868 или 52,8%. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0,3% на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари, 2.802.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,5 година, односно 75,8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4,3 години се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 шифра I00-I99, и тоа 41,3% случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48) со 17%, со 6,8% се застапени случаите кај кои причина за смртта е вирусот ковид-19 (шифра U07), ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90) се застапени со 6,7%, а умрените лица кај кои причина за смртта се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4,5 %, по што се останатите, но со помала застапеност.