X
 16.05.2019 Политика

Мнозинството Европејци сметаат дека ЕУ ќе исчезне за 20 години

И покрај рекордно високата поддршка за Европската Унија од граѓаните, тие не веруваат дека таа ќе опстои во наредните десет до дваесет години, според анкета на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи (ЕЦФР).

Граѓаните во Словачка, Франција, Романија, Полска и во Италија се на врвот на листата со песимисти за иднината на ЕУ, со над 50 отсто луѓе убедени дека таа ќе се дезинтегрира до 2040 година. Додека, пак, Шпанците, Швеѓаните и Данците остануваа поголеми оптимисти, иако и таму околу 40 отсто граѓани мислат дека ЕУ нема да постои за дваесет години.

Третина од испитаниците во Франција и во Полска мислат дека е можна војна во ЕУ.

Анкетата доаѓа една недела пред стартот на круцијалните избори за Европскиот парламент, каде што многумина стравуваат од загрижувачки подем на екстремната десница и популистите.

Песимизмот кон ЕУ е најсилен кај оние што планираат да гласаат за екстремната десница на изборите или кои воопшто немаат намера да гласаат.

Паралелно, ЕЦФР констатира дека европските граѓани се соочуваат со влошена финансиска состојба и дека во некои земји дури третина од нив немаат доволно пари на крајот на месецот.

Останува дека според последниот Евробарометар, две третини од Европејците имаат позитивни чувства кон Европската Унија, што е највисока регистрирана стапка од 1983 година. А над 90 отсто од граѓаните во ЕУ сметаат дека ќе изгубат многу ако колабира Европската Унија, особено во делот на слободната трговија, и слободното движење во другите земји на ЕУ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика