X
 15.08.2018 Технологија

Индија подготвува закон што нема да им се допадне на „Фејсбук“, „Амазон“ и „Епл“

Големите играчи на теренот на интернет-трговијата би можеле да претрпат тежок удар. „Епл“, „Амазон“, „Гугл“ и „Фејсбук“ и другите американски технолошки гиганти во Индија се соочуваат со големи препреки благодарение на новиот закон за е-трговија што им дава предност на домашните компании.

Новите правила се лоши за странските технолошки компании и покрај тоа што Индија е релативно отворена за странска конкуренција.

Некои од драстичните мерки што се предложени во предлог-законот се: создавање „рамноправни услови“ што ќе им дадат предност на индиските стартапи, податоците на корисниците треба да бидат чувани исклучиво во Индија, што би влијаело врз огласите на овие компании, спречување на создавање изговори што можат да му помогнат на „Амазон“ да ги заобиколи правилата за отстранување на ограничувањата на рекламниот простор за индиски производи.

индија
Фото: Profimedia


Не е јасно кога предлог-законот би станал официјален, но локалните медиуми укажуваа на тоа дека новите правила се доста критикувани.

Индискиот онлајн-пазар ќе достигне вредност од 32 милијарди долари во 2018 година, според статистиките на „еМаркетер“. Тоа е  малку во споредба со САД, каде што само „Амазон“ успева да собере 258.22 милијарди долари приходи. Но се очекува интернет-продажбата во Индија да порасне за 31 отсто во споредба со минатата година, со што ќе се најде веднаш зад Кина и Индонезија.

Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, во 2016 година изјави дека компанијата ќе префрли 5 милијарди долари во својот индиски проект за интернет-трговија.

Кина, другиот потенцијален извор за висок раст, одамна спроведе заштитни мерки за своите домашни компании. Како резултат на тоа, компаниите „Тенсент“, „Алибаба“ и „Меитуан“ доминираат на домашниот пазар и вредат милијарди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија