X
 12.02.2022 Забава

Забрането испраќање пица и непиење млеко: ова се најчудните закони во САД

Во САД постојат закони кои веројатно би се сметале за бизарни во други земји. Меѓутоа, повеќето од нив воопшто не можат да се спроведат од разни причини. Во продолжение следуваат некои од најчудните закони во САД.

Алабама: Не е дозволено да се носат лажни мустаќи кои предизвикуваат смеа кај посетителите в црква.

Алјаска: Нелегално е да се буди мечка што спие.

Колорадо: Не јавајте додека имате температура бидејќи може да платите казна за тоа.

Флорида: Ако поседувате слон и го заврзете на паркинг, ќе мора да платите ист износ како за паркирање автомобил.

Хаваи: Во овој островски рај не е дозволено да се ставаат кованици на ушите.

Илиноис: Малолетниците не може да консумираат алкохол освен ако не се работи за учество во кулинарска емисија.


Фото: Pixabay

Калифорнија: Забрането е да се изеде жаба која учествувала во натпревар во скокови на жаби.

Јужна Каролина: Додека во Аризона се забранува чување магаре во када, овде тоа се однесува на коњите.

Јужна Дакота: Не смеете да спиете во фабрика за производство на сирење.

Луизијана: Може да платите казна од 500 долари ако некому испратите пица без да го известите.

Мериленд: Во парковите е забрането носење маици без ракави.

Мичиген: Ако сопругот не дозволи, жената не смее да ја скрати својата коса.

Мисури: Нелегално е да се пренесува мечка која не е во кафез.

Ново Мексико: Овде се цензурирани дури 400 збора од книгите на Вилијам Шекспир.

Њујорк: По 10 часот навечер заборавете на папучи, забранети се.

Орегон: Лов на животни на гробишта? Во оваа сојузна држава тоа е забрането со закон.

Тексас: Забранета е продажбата на очи. Јута: Овде е забрането да НЕ се пие млеко.

Извор: Pun Kufer
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава