Одмарајќи се меѓу грмушките од лаванда, Маргарет Невил од Јужноафриканската Република открила нешто навистина воодушевувачко - цветна богомолка чиј изглед еволуирал за да личи на цвеќе, како метод на камуфлажа. Таа е женка со интересни шари на нејзиниот грб и испупчени страни што изгледаат како пупки од лаванда.
Воодушевена од убавината на инсектот, Невил ја нарекла богомолката госпоѓа Фрили Пентс, поради нејзините виолетови „панталони“.
- Природата е тука за ние да ја споделуваме - вели Невил.
Госпоѓа Фрили Пентс сега има многу обожаватели низ светот.
Постојат многу видови богомолки. Богомолката-орхидеја е уште еден вид цветна богомолка. Женките се поголеми и имаат поубави бои, со нозе што изгледаат како ливчиња од орхидеи. Тие чекаат да им пријдат инсектите, измамени од нивниот цветен изглед. Додека изгледот на женките е шарена стапица, мажјаците мора да ловат наместо да чекаат.
Истражувачите на еволуцијата веруваат дека оваа разлика кај родовите во ловните стратегии е единствена кај членконогите (пајаците и
инсектите).
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Margaret Neville