X
 15.09.2023 Живот

Дали сте слушнале за тестот со столче што се ниша? Многу луѓе паѓаат на интервју за работа поради тоа

Постојат многу необични техники што ги користат работодавците за да ги тестираат потенцијалните вработени, а поради нив, многу кандидати лошо поминуваат на интервјуата за работа.

Една од нив е техниката која го мери нивото на стрес на личноста што дошла на интервју за работа и звучи како нешто од дистописка ТВ-драма.

Овој тест бара од кандидатот да седи мирен на стол кој се ниша. Идејата за оваа „злобна“ стратегија е да се вознемири кандидатот во текот на интервјуто и на крајот да се види дали е доволно храбар да побара замена за столот.

Со овој тест работодавецот сака да види дали кандидатот ќе биде доволно храбар да го прекине разговорот и да побара да му се замени столот.

Дали вие би го направиле тоа?

Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот