X
 15.10.2015 Здравје

Гоџи бобинките - најздравото овошје во светот

Без разлика дали сте здрави или сакате да останете здрави  или пак да се лекувате од некаква болест, гоџи бобинкиет се здравје кое природата ви го обезбедува на дланка.

Веруваме дека повеќето од вас веројатно слушнале за гоџи бобинките, меѓутоа само мал број го знаат ефектот што го имаат врз здравјето. Гоџи плодовите содржат голема количина на витамини, минерали, полисахариди, протеини, аминокиселини, есенцијални масни киселини.

Подигнување на имунитетот


Кога станува збор за имунитетот, потребно е да се истакне дека гоџи бобинките содржат полисахариди кои имаат својства за подобрување на имунитетот. Овие полисахариди ги снабдуваат имунолошките клетки на човечкото тело со посебен облик на шеќер, кој им овозможува подобра „комуникација“. Истражувањата покажуваат дека токму полисахаридите од гоџи бобинките можат да помогнат во брзо подигнување на имунолошкиот систем и подобрување на работата на антиоскидативните ензими, кои помагаат во што побрзо чистење на телото од штетни материи.

Гоџи бобинките по количина на антиоксиданси се наоѓаат на првото место на ORAC скалата - 100 грама содржат 25.300 единициц антиоскиданси, далеку многу повеќе од било кое друго овошје. Тие содржат висока количина на витамин Ц (на 100 грама, 11 милиграми железо) која исто така помага да се подигне нивото на имунитетот, а исто така се богати со минерали неопходни за организмот - цинк, селен, калциум, калиум итн.

Спречување на болести

Важните оскиданси во Гоџи бобинките се каротеноиди - бета каротен, зеаксантин, лутеин, ликопен, криптоксантин. Сите овие каротеноидите играат одредена улога во здравјето на луѓето, а најважно е да се истакне бета каротенот кој според најновите истражувања може да игра важна улога во спречувањето на одредени болести како што се срцевите заболувања, болести на имунолошкиот систем, рак итн.

 

гоџи


Помага во лекувањето

Интересно е да се напомене дека полуметалот германиум може да се најде само во култивираните гоџи бобинки, којсе користи во елкувањето на одредени видови на рак и тој е доста ваежн за зголемување на нивото на интерферон. Гоџи бобинките содржат пет видови на незаситени масни киселини, а меѓу најважните се линолова киселина и алфа линоленска киселина, неопходни за нормално функционирање на мозокот и нервниот систем.

Примена

Старите Кинези, од кадешто потекнуваат овие бобинки, препорачуваат дневна доза од 150 грама, кога станува збор за лекување на возрасни луѓе. Но, во денешно време препорачаната доза е околу 10 до 30 грама, а потребно е да се истакне дека нема ограничена горна граница. Рокот на траење на свежите гоџи бобини е како и повеќето свежо овошје, околу 10 дена.

Гоџи бобинките се добри за:

1. Подобрување на циркулацијата
2. Штитат од дијабетес
3. Делуваат антибактериски и анти-воспалително
4. Го штитат срцето и крвните садови
5. Ја подобруваат плодноста на жената
6. Го подобруваат квалитетот на спермата
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје