X
 15.10.2021 Култура

Фотоизложба на Милчо Манчевски во Бургас

Режисерот Милчо Манчевски ја продолжува мини-турнејата низ Бугарија со уште една постановка на неговата фотоизложба „Таму“, овој пат во Бургас, која од денеска ќе биде отворена за јавноста во тамошниот Центар за современа уметност и библиотека. Делата на Манчевски на тема улична фотографија ќе бидат достапни за публиката до 31 октомври.

- Како уметник кој работи и со филм и со фотографија, пристапот на Манчевски кон создавање слики постојано ги поместува границите и го избегнува конвенционалното. Неговото рано навлегување во концептуалната уметност продолжува да се отсликува во неговите дела во различни медиуми, а наследството на историската авангарда провејува низ многу од сликите поместени во „Таму“ - напиша Конор Мекгрејди во предговорот на книгата „Таму“.

Манчевски претходно имаше успешно претставување на изложбата „Таму“ во Софија. Во изложбата се надградува и проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, претходно претставен во изложбите „Улица“ (1999 г.) и „Пет капки сон“ (2011).

фото: КИЦ на РСМ во Софија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура