X
 24.12.2020 Колумни

Колумна: Како нашето размислување ја создава нашата реалност?

Дали секогаш ќе се случуваат работи што се надвор од наша контрола? Да, тоа е загарантирано. Но, она што ние можеме да го контролираме е како размислуваме и како се чувствуваме - на тој начин го оформуваме и создаваме нашиот живот

Пишува: Стефанија Арсова, студент на Факултет за психологија на Меѓународен славјански универзитет


Ние ја создаваме нашата реалност. Негирањето на ова ја негира нашата моќ. Разумот е единствениот или главниот извор на сознанието.

Она што сакам да го објаснам е дека во животот има три кофи – работи што ги контролираме, работи врз кои влијаеме и работите над кои немаме контрола.

Она што не е под наша контрола се многуте случајни настани во животот. Семејството во кое сме родени, како и земјотреси, пандемии, болести... Ова се околностите што ги доживуваме и настани за кои сме свесни, а не ги одбираме.

Она што го контролираме и местото каде што навистина започнуваме да ја создаваме нашата реалност е во тоа како ги перципираме, толкуваме и како размислуваме за настаните во нашиот живот што ги генерираат нашите чувства и нашето однесување. Никој не може да ги избере нашите мисли или постапки, тие се само наши.

Сега, еве каде креирачкиот дел станува навистина сериозен. На нашите мисли, ако ги мислиме одново и одново, им ја доделуваме вистината и тие стануваат верувања. Она што повеќето луѓе не го сфаќаат е дека учествуваат во креирање на сопствената верзија на вистината. Нашиот самоконцепт е составен од убедување за тоа кои сме моментално и колку веруваме во нашите способности дека ќе бидеме тоа што сакаме во иднина.

Ние сме главниот лик во нашата приказна и го пишуваме сценариото засновано врз нашиот самоконцепт кој е главно самокреиран.
Но, со свеста доаѓа и избор. Кога ќе започнете да го разбирате процесот, ќе имате овластување да бидете одговорни за животот што го создавате.

Дали секогаш ќе се случуваат работи што се надвор од наша контрола? Да, тоа е загарантирано. Но, она што ние можеме да го контролираме е како размислуваме и како се чувствуваме - на тој начин го оформуваме и создаваме нашиот живот. Секогаш има луѓе што напредуваат во време на криза. Дали затоа што имаат среќа? Најверојатно тоа е затоа што тие избираат да ја видат можноста наспроти неповолната положба.

Ќе завршам со мојот омилен цитат на сите времиња од Хенри Форд: „Без разлика дали мислите дека можете или мислите дека не можете, во право сте“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Колумни