X
 16.11.2023 Живот

Матурант бил одбиен од 16 колеџи, но добил повик за работно место во „Гугл“

„Гугл“ вработи матурант откако бил одбиен од 16 колеџи, вклучувајќи и државни школи.

Осумнаесетгодишниот Стенли Џонг завршил средно училиште во Паоло Алто, Калифорнија, град во Сицилиумската долина. Тој имал 1.590 од вкупно 1.600 бода на тестовите за училишна способност во Америка и лансирал сопствен стартап за е-потпишување наречен „Рабитсајн“.

Стенли бил одбиен на 16 од 18 колеџи каде што аплицирал, без никој да му објасни зошто: Институтот за технологија во Масачусетс, Карнеги Мелон, Беркли, Универзитетот во Корнел, Универзитетот во Илиноис, Универзитетот во Мичиген и многу други.

Неговата апликација била прифатена само од Универзитетот во Тексас и Универзитетот во Мериленд. Првин планирал да се запише на Универзитетот во Тексас, но потоа решил да го напушти училиштето зашто му била понудена работа со полно работно време како софтверски инженер во „Гугл“.

Џонг и неговото семејство се обратиле до Азиско-американската коалиција за образование, непрофитна организација која се залага за образовните права на децата од азиско-американско потекло, за да се обидат да поттикнат транспарентност во одлуките за прием на колеџ.

- Како личност со кинеско потекло што студирала на Универзитетот „Стенфорд“, ова ме загрижува. За среќа, постојат многу патишта до успехот надвор од врвните универзитети. Во случајот на Стенли, тој одлучи да ја прифати понудата да работи во „Гугл“ како софтверски инженер - напиша една девојка на својот линкдин-профил, споделувајќи ја приказната за младиот Стенли Џонг.

Неодамнешна анкета покажа дека дури 46 отсто од испитаниците сметаат дека факултетите не ги подготвиле соодветно за работната средина.

 

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Nan Zhong
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот