X
 18.07.2018 Живот

Факти за среќата што ќе ве мотивираат да го промените животот

1.Среќните луѓе ги прифаќаат неуспехот и поразот. Неуспехот го гледаат како начин да увидат што функционира и што можат да променат за да бидат посреќни и поуспешни.

2. Луѓето што постојано ја проверуваат електронската пошта се помалку среќни од оние што тоа го прават трипати на ден.

3. Анкетите покажуваат дека постарите луѓе се посреќни од помладите. Половина од Американците постари од 65 години велат дека се многу среќни во споредба со 31 отсто од лицата на возраст од 18 до 24 години.

4. Одредени намирници можат набрзина да ве направат среќни. Млекото, пилешкото месо и оревите содржат триптофан, кој поттикнува производство на серотонин, хормонот кој прави да се чувствуваме смирени и среќни.

5. Научниците утврдија дека при јадењето чоколада во мозокот се ослободува ендорфин, хормон поради кој се чувствуваме добро. Секако, умереноста е клуч на сѐ - мала количина, односно една до две коцки се сосема доволни за да ви го подобрат расположението.

6. Истражувањата покажаа дека кафето прави да се чувствуваме подобро така што го стимулира мозокот да реагира на позитивните зборови. Научниците веруваат дека кофеинот стимулира дел од мозокот одговорен за позитивно размислување.

7. Среќата е заразна. Лицето што има среќен близок пријател и самото ќе се чувствува подобро барем за 15 отсто. Дури и доколку некаде на поминување налетате на познајник кој блеска од среќа, и вие ќе се чувствувате посреќни за дури 6 отсто.

8. Изразувањето благодарност докажано го намалува стресот и прави да гледаме пооптимистички на нештата.

9. Науката докажала дека само 20 минути вежбање помага во борбата против депресијата и прави да се чувствувате подобро и посреќни. Во текот на вежбањето се ослободуваат хормоните на среќа - серотонин, допамин и норепинефрин.

10. Нивото на среќа зависи 50 отсто од генетиката, 10 отсто од околностите и 40 отсто од вашиот избор. Со други зборови, среќата во голема мера е под наша контрола.

11. Луѓето што го сметаат времето за поважно од парите се посреќни, покажуваат истражувањата.

12. Галењето куче или маче прави да се чувствуваме посреќни бидејќи во мозокот се ослободува окситоцин. Тој хормон исто така ги намалува крвниот притисок и нивото на стрес.

13. Луѓето што се во брак се посреќни од оние што се сами, а тоа особено важи за случаите кога партнерите меѓусебно се сметаат за најдобри другари.

14. Квалитетот и квантитетот на сонот директно влијаат врз тоа колку среќни се чувствувате. Недостигот на сон ги зголемува стресот и ризикот од депресија.

15. Истражувачите тврдат дека уживањето во сексуален однос еднаш неделно е оптимално за зголемување на среќата.

16. Познато е дека временските услови се поврзани со расположението. Научниците откриле дека идеалната температура, односно температурата на која сме најсреќни е 14 Целзиусови степени.

17. Главната карактеристика по која се разликуваат 10 отсто од најсреќните луѓе на светот од другите е следнава: силата на социјалните врски. Социјалната поддршка е многу важна за среќа.

18. Студија спроведена во 2013 година покажала дека мажите се посреќни ако нивните сопруги се поубави од нив.

19. Луѓето се посреќни кога парите ги вложуваат во искуства и спомени, на пример, карти за концерт или патување, отколку кога ги трошат на објекти.

20. Практикувањето јога ги намалува негативните чувства, како бес, страв и замор и истовремено го интензивира чувството на среќа.

21. Лицата што покажуваат сочувство кон другите и кон себе се посреќни од другите.

22. Научниците веруваат дека смеата на другите лица е поттик за „огледало“ на невроните во мозокот, поради кои веруваме дека се смееме на самите себе, а не на некој друг.

23. Дури и ако лажирате насмевка, ќе бидете посреќни отколку кога воопшто не се смеете.

24. Децата научени на сѐ да гледаат оптимистички се изложени на дупло помал ризик подоцна да станат депресивни.

25. Луѓето што помалку гледаат телевизија се посреќни. Истото важи и за децата - оние што помалку гледаат телевизија се посреќни од децата што подолго гледаат телевизија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот