Осмиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е макарони со доматно пире. Едноставно и лесно, а превкусно.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
- 200 г макарони
- 200 мл доматно пире
- 1/2 кромид
- сирење по желба
- зачини
Подготовка:
Во тенџере на оган ставете вода со малку сол да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете ги макароните да се варат околу 6-7 минути.
Додека се варат макароните, во тава се загрева масло. Во загреаното масло додајте ситно сечкан кромид и пропржете го малку.
Во тавата ги додавате доматното пирe, сол, италијански зачин и лук во прав по желба. Промешајте и оставете да се вари околу 5 минути на среден оган.
На крај додајте ги сварените макарони и измешајте. Може да ги послужете со рендано сирење.
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.