Осумнаесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е медитерански лепчиња. Едноставно и лесно, а превкусно.
Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.
Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:
Медитерански лепчиња
- 150 г шери домати
- 150 мл. масло
- 2 парчиња леб
- 150 г урда (замена за урда: намаз, фета сирење, младо сирење).
Зачини:
- 1 лажица чили-сос
- 1 гранче свеж рузмарин
- 1 лажица сол
- 1 лажица сечен свеж магдонос (замена за чили сос: чили во прав, слатка пиперка во прав/ Замена за свеж рузмарин и магдонос: босилок, мајчина душица, оригано свежо или суво.
Подготовка: Шери доматите се ставаат во огноотпорен сад, се додаваат маслото, чили-сосот и солта. Се мешаат сите состојки и се додава гранчето рузмарин, се пече на 200 степени 30-40 минути во рерна или 20-30 минути во air fryer.
На загреана тава со малку масло се ставаат лепчињата да се запечат, откако од двете страни ќе добијат румена боја и крцкава структура, се тргаат од оган.
Испечените лепчиња се мачкаат со урда и одозгора им се ставаат печените домати. Се наросуваат со свеж магдонос. Доколку остане од маслото каде што се печат доматите, може да се искористи и во други рецепти, одлично е како додаток во свежи салати во замена за масло.
Овој рецепт дава голема слобода во менувањето на намирниците, но најдобриот вкус се добива со рецептот кој е приготвен. Добар апетит!
Ако сакате и вие да учествувате,
ТУКА може да ги прочитате правилата.