X
 15.12.2019 Живот

Тешки лекции што се учат од прифаќањето на неуспехот

Понекогаш тешкиот пат е единствениот пат за човек да ги научи лекциите што му се потребни за да стане посилен и да продолжи, особено во светот на бизнисот. Понекогаш потребно е да го прифатите неуспехот за да научите нешто повеќе од него.

1. Оставете го вашето его на вратата - без разлика дали сте го објавиле вашиот производ и сте добиле корисници преку ноќ или, пак, трпеливо сте им го презентирале на пријателите и семејството, најважното нешто е да го оставите вашето его и да ги процените луѓето. Илјадници регистрации не значат ништо ако тие корисници не се вратат назад.

2. Соочете се со проблемот
- наместо да очекувате дека проблемот ќе се реши сам, добро би било да му посветите внимание и да откриете каде е суштинскиот проблем. Решете го проблемот со одредени промени во компанијата или, пак, во однесувањето кон луѓето. Само на тој начин ќе имате позитивен резултат.

3. Слушнете ја искрената повратна информација - претприемачите треба да прават разлика помеѓу повратните информации што доаѓаат од посветени, лојални корисници и оние што доаѓаат од луѓе кои не се таму воопшто да купат.

4. Гледајте долгорочно - претприемачите треба да имаат долгорочен поглед на нивната работа. Не треба да се размислува само за тоа денес да се задоволат клиентите. Потребен е долгорочен план кој ќе функционира совршено за бизнисот да нема падови.

5. Останете поврзани со она од кое почнавте - претприемачите се познати по тоа што си поставуваат преголем притисок врз себеси. За да останете позитивни, осигурете се дека сте во линија со она што ве мотивира и, секако, со вашите вредности.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот