X
 31.10.2017 Технологија

Американците веруваат дека роботите нема да им ги преземат работните места

Поголемиот дел од Американците веруваат дека нивните работни места, како и на оние со кои живеат, се безбедни од автоматизацијата, барем во наредната деценија. Ова се резултатите од истражувањата на агенцијата AP и истражувачкиот центар NORC.


Анкетата покажала дека и повеќе од половина од испитаниците сметаат дека автоматизацијата, односно роботите во иднина би можеле да ја олеснат нивната работа или да ја направат поефикасна. Според резултатите, Американците изразиле загриженост дека понатамошниот развој на технологијата би можел да биде причина за губење на работните места на некои луѓе, но се помалку загрижени за влијанието на автоматизацијата врз нивните работни места. Како што е наведено, 57% од испитаниците оцениле дека е малку веројатно да се случи тие или некој од нивното семејство да биде заменет со робот во наредните 10 години.

Новите истражувања на оваа тема покажуваат дека предвидувањата за намалување на работните места поради роботите се помали во споредба со студиите спроведени во поранешните години, кои сугерирале дека половина од вработените во САД би можеле да останат без работа поради воведувањето роботи во наредните 2 децении.

Сепак, истражувањето покажало дека многу Американци се загрижени поради влијанието на новата технологија врз нивниот секојдневен живот и врз пазарот на труд. Три четвртини од испитаниците сметаат дека луѓето барем на некој начин ќе бидат изолирани едни од други. Во истражувањето учествувале 1.038 лица, а било спроведено од 17 до 21 август.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија