X
 08.01.2016 Култура

Нема повеќе чекање семафор за велосипедистите во Ротердам

Ротердам оди чекор напред во станувањето еден од градовите најдобри за велосипедистите.


За да го подобри велосипедскиот сообраќај и да ги поттикне граѓаните почесто да се одлучуваат за овој вид превоз, градот воведува семафори со сензори за дожд. Целта на овие семафори е да го минимизира времето за чекање на велосипедистите кога врне.

Семафорите се чувствителни на влага и автоматски го намалуваат времето за чекање од 3 минути на само 40 секунди. Во меѓувреме, возачите во автомобилите ќе чекаат подолго.

Досега бил поставен само еден ваков семафор како тест, но плановите на градот се такви семафори да се постават насекаде низ градот.

Имено, велосипедскиот сообраќај во Ротердам се зголемил за 10% само во последната одина. Извештај

покажува дека 25% од жителите во градот веќе го користат велосипедот како превозно средствo.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура