X
 03.06.2021 Живот

Наставници носат здолништа на час во знак за протест

Наставници во училиште во Шпанија се солидаризираат со нивниот ученик кој минатата година бил избркан од училиштето бидејќи носел здолниште на час. Наставниците се појавиле на нивните работни места облечени во здолништа.

Сето тоа е дел од движењето наречено „Облеката нема род“ (#laropanotienegenero), чија цел е да им стави крај на стереотипните родови норми во оваа земја.

Движењето го имаше својот врв кон крајот на октомври и почетокот на ноември 2020 година, но неодамна повторно доби прилично големо внимание и во живо и онлајн, па сѐ повеќе наставници-мажи се приклучија на протестот.

На почетокот од мај 2021 година, 37-годишниот Мануел Ортега и 36-годишниот Борха Веласкез почнале да доаѓаат на час облечени во здолништа, како одговор на неодамнешниот случај на булинг во училиштето „Вирген де Седон“ каде што работат. Во конкретниот случај, еден ученик бил малтретиран затоа што носел дуксер со анимиран лик, па претрпел хомофобични коментари, по што ученикот го соблекол дуксерот.

1
Фото: Twitter

Наставниците Борха Веласкез и Мануел Ортега повторно го покренаа движењето „Облеката нема пол“ по неодамнешниот инцидент. Имено, и двајцата одлучиле да носат здолниште на час и да ги учат своите ученици за толеранција. И двајцата биле револтирани поради булингот што се случувал во нивното училиште и токму поради тоа сакале да станат дел од движењето, за да можат да промовираат толеранција, почит и разновидност меѓу нивните ученици.

Наставниците ги едуцираат нивните ученици за тоа како да ги побијат предрасудите што можеби ги научиле од своите родители. Според Веласкез, нивната цел е да ги научат учениците дека зборовите болат и дека е потребна промена.

Некои од работите што ги учат нивните ученици се дека е во ред момчињата да приготвуваат оброци во кујната или да имаат долга коса, како и тоа дека е во ред девојчињата да сакаат фудбал и да имаат кратка коса.

2
Фото: Тwitter

Микел Гомез, ученикот кој бил избркан, споделува повеќе информации за тоа што се случило во видеото на неговиот тик-ток-профил.



@mikelgmz

No me daba tiempo a contarlo todo☠️#parati

♬ original sound - Mikel Gómez


Како што вели Гомез, тој го направил тоа за да ги поддржи феминистките и транс-луѓето и да се спротивстави на булингот. Откако му било кажано да оди кај психологот, тој поставил видео на кое вели дека го осудува сето ова, па со неговиот потег мотивирал стотици момчиња да носат здолништа во знак на протест.

1
Фото: Тwitter

Движењето започна жестока дебата во Шпанија меѓу воспитувачите и родителите, а дебатата не стивнува и ден-денес.

2
Фото: Тwitter

Извор: Bored Panda
Фото: Javier Álvarez
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот