Осумгодишно момче од Белгија завршило средно училиште и наскоро ќе тргне на факултет.
Момчето Лоран Симон, чиј татко е Белгиец, а мајка Холанѓанка, за само 18 месеци го завршило шестгодишното образование и дипломата ја земало заедно со другите ученици, кои имаат 18 години.
Неговите родители тврдат дека коефициентот на интелигенција на момчето е 145.
Лоран за белгиското радио РТБФ изјави дека омилен предмет му е математика, бидејќи, како што објасни тој, таа е опширна - има статистика, геометрија, алгебра
Nog maar 8 en al diploma middelbaar op zak: "Als hij maar gelukkig is" https://t.co/tcPP6Fv7BC#vrtnws
— VRT NWS (@vrtnws) June 27, 2018
Извор: МИА