Моншау, или на француски Монжуа, е историски град сместен во планинскиот венец Ајфел, на 2 километра од германската граница со Белгија. Ова е еден од ретките градови во Германија што останале недопрени за време на Втората светска војна и се смета за најубав град во регионот Рајнланд. Целиот град живее од туризмот и изобилува со хотели, ресторани, кафулиња...
Градот првпат се споменува во 1198 година под името Монжуа, а се развил околу средновековен замок. За време на неговото постоење, градот претрпел многу грабежи и уништување, но сепак успеал да си го поврати својот шарм.
Ова место, сместено во шумски ридови, нема специфична содржина што може да им ја понуди на туристите. Градот е карактеристичен по тесните улички каде што може да се сретнат мали куќи со поглед кон реката Роер. Средновековиот замок е рушен. Одбранбените ѕидови се видливи на секој чекор, насекаде околу градот. Во центарот на градот се наоѓа „Роте Хаус“, огромна барокна градска сала која му припаѓа на локално благородно семејство. За посетителите се достапни четири од осум ката, кои се луксузно уредени.
Ако сакате да уживате во овој
шармантен град, ќе ви биде потребен сопствен автомобил. До градот не оди воз, а автобусите се повеќе исклучок од правило. Најблискиот автопат Е40 е помеѓу Лиеж и Ахена.