X
 24.11.2023 Здравје

Откриен ефективен и безболен начин за одредување на староста на окото

Научниците од Универзитетот „Стенфорд“ развија нов метод за мерење на староста на очните клетки без потреба од земање примерок од ткиво. Оваа иновација нуди потенцијал за високо персонализирани и прецизни третмани за очни болести.

Користејќи систем за вештачка интелигенција обучен со податоци за очната течност на 46 здрави индивидуи, научниците идентификуваа 26 специфични протеини во очната течност кои се поврзани со стареењето на очите. Вештачката интелигенција покажала способност да ја предвиди возраста на човекот со неверојатна точност само врз основа на течноста во окото.

Офталмологот Винит Махаџан, кој учествувал во истражувањето, ја истакнува важноста на разбирањето на молекулите како прв чекор кон ефективна терапија. Што покажаа тестовите?

Анализирајќи ја течноста во очите на 62 пациенти со различни заболувања на очите, научниците откриле дека одредени протеини укажуваат на забрзано стареење. На пример, луѓето со рана фаза на дијабетична ретинопатија се проценува дека се околу 12 години постари врз основа на овие тестови, додека пациентите со увеитис покажале потенцијално зголемување на возраста од речиси 30 години.

Научниците ги следеле специфичните протеини до нивното потекло од РНК и ги откриле проблематичните клетки одговори за споменатите болести.

- Со молекуларниот метод што го развивме би можеле да избереме лекови кои дејствуваат кај секој пациент посебно - нагласува Махаџан.

Научниците веруваат дека нивните иновации може да се прошират и на други телесни течности, нудејќи им непроценливи биомаркери за лекување и можеби превенција на разни болести.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје