„Светот на Биби“ во рамките на едукативниот центар „Бибиверзум“ овозможува онлајн курсеви кои започнуваат на 1 април 2024 год. Кратките онлајн курсеви се: „Ја учиме азбуката со Биби и Боби“ и „Подготовка за прво одделение“.
Учењето во „Бибиверзум“ е забавно и интересно. На секој час Биби и Боби ги учат најмалите преку претходно подготвени видеа. Акцентот е ставен на интерактивност за време на часовите, така што едукаторот комуницира со децата, а и децата имаат можност да комуницираат меѓу себе. На часовите користиме различни иновативни методи за учење, кои развиваат многу вештини кај децата.
Особено е значајно развивањето на критичкото мислење, како и примена на наученото во секојдневниот живот. По секој час децата имаат можност да изработат домашна задача на еден поинаков и креативен начин, а потоа да ги развиваат комуникациските способности и истата да ја презентираат пред своите другарчиња и едукаторот. Мотивацијата од страна на едукаторот е од големо значење за јакнење на самодовербата кај детето, учење со љубов и учење со голем интерес.
Учењето на азбуката претставува првиот чекор при кој детето се оспособува најпрво да ги препознава буквите, потоа истите да ги користи при составување зборови и реченици, за на крај да научи да чита и да го разбира прочитаното.
Детето најпрво се запознава со графичкиот изглед на секоја буква, елементите од кои е составена. Потоа точно пишување на буквата во дадениот простор. Воочување на пишување на големата и малата буква во соодветниот простор, како и воочување на разликите меѓу малата и големата буква. Македонската азбука е составена од 31 буква, па детето откако ќе ги научи буквите, го учи и редоследот на буквите во азбуката. Најзабавно учење на азбуката е учењето преку игра, особено учење на буквите преку интересни илустрации. Кога детето ќе научи да ја препознава буквата, може да игра игри со зборови каде што конкретната буква се наоѓа во различна положба во зборот (на почетокот, на средината и на крајот од зборот). На овој начин детето развива повеќе вештини: концентрација, воочување, препознавање, асоцијација...
Учењето на азбуката е индивидуално. На некое дете му е потребно помалку време, додека на некое му е потребно повеќе време. Многу е важно при учење на азбуката децата да вежбаат и да повторуваат. Важно е да бидете трпеливи со вашето дете при учење на азбуката, особено да се стави акцент на учење со љубов, за да не се создаде стрес кај детето и аверзија при пишувањето и читањето.
М-р Златица Апостолов
Подготовката за прво одделение е важен сегмент во животот на секое дете, како и во животот на секое семејство. Преминот од една развојна фаза во друга предизвикува низа промени. Затоа, од големо значење е детето пред да тргне во прво одделение, да се подготви. Подготовката за прво одделение ќе му овозможи на детето успешно да се приспособи во новата средина, ќе ги прошири своите знаења, како образовни така и воспитни. Подготвителната програма во „Бибиверзум“ е наменета за детето да стекне одредени знаења, но и да совлада одредени вештини. Едукаторот има јасна цел, да ги охрабри децата да станат независни, а независноста е предуслов за зрелост и лично задоволство. Особено внимание треба да се посвети на вниманието, концентрацијата и графомоторните вештини кај детето. Во програмата Подготовка за прво одделение се обработуваат точно одбрани содржини кои ќе имаат големо влијание врз децата. Најпрво се обработуваат содржини за графомоторика, потоа кратки приказни каде што се развива и критичкото мислење, но и говорното изразување, кое е од особена важност во овој развоен период на 5-годишна возраст. Потоа се обработуваат содржини од математика, природа и општество, музика и уметност.
Задоволство ќе ни биде ако вашето дете биде дел од онлајн курсевите во „Бибиверзум“. Прочитајте ги описите на онлајн курсевите во дадената форма подолу и запишете се, за да се дружиме, да истражуваме и да уживаме во учењето со Биби и Боби.
(Комерцијална објава)