Пандемијата промени многу аспекти на работата, но има една работа што не се промени - колку време трошиме само во „преместување документи“.
Вработените посветуваат повеќе од половина од својот ден на „координирање на работата“, која вклучува следење на работите, барање информации и комуникација за работата, според истражувањето на производителот на деловни софтвери „Асана инк“.
Иако постојат регионални разлики, Германците посветуваат помалку време од својот ден на такви секојдневни задачи отколку Американците - резултатите се главно слични низ целиот свет: само околу една третина од работниот ден вработените го поминуваат правејќи го она за што всушност се ангажирани, а тоа не се промени многу од 2019 година.
Мелиса Свифт од консултантската компанија „Мерсер“ вели дека работниот ден стана доволно сложен, па мора да се троши повеќе време на менаџирање на работата и други приоритети наместо, всушност, да си ја работиме работата.
Глобалното истражување, спроведено на повеќе од 10.600 аналитичари на податоци, графички дизајнери и слично, исто така покажа дека времето поминато на стратегија или планирање однапред падна на 9 отсто минатата година од 13 отсто во 2019 година.
Фото: Asana Inc.
Ова делумно се должи на тешкотиите да се соберат различни, честопати асинхрони тимови во исто време. Но, тоа може да биде и затоа што на многу компании им е тешко да прават долгорочни предвидувања среде глобална пандемија и нејзиното влијание врз канцеларискиот живот. Но, причината може да биде и затоа што на многу компании им беше тешко долгорочното прогнозирање во услови на глобална пандемија и нејзиното влијание врз канцеларискиот живот.
Иако половина од работниот ден го посветуваме на „неважни задачи“, варијации постојат насекаде низ светот. Така, на пример, Германците поголемиот дел од денот го посветуваат на извршување на важната работа отколку другите народи, но исто така трошат најмалку време на стратешко планирање.
Работниците во Јапонија и во Сингапур, пак, 10 отсто од времето го трошат на стратегиите, но најмногу време трошат на координирање на работата. Иако компаниите се обиделе да го намалат времето поминато на координација, не успеале. Бројот на состаноци, на пример, се зголеми за 70 отсто за време на пандемијата.
Извор:
Bloomberg.com
Фото: Freepik