Часови по конверзација во Германската читалница при НУБ
Германска читалница
Влез слободен
Секој четврток од 18 до 19.15 часот
Максимален број на учесници: 30
Ги молиме сите заинтересирани за секој час да се пријавуваат на dtlsaalskopje@hotmail.com.
Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, чиј партнер е Гете-Институтот, и во новата година почнувајќи од 21.1.2016 г., четврток, еднаш неделно ќе им нуди на своите корисници, студентите и сите што го изучуваат германскиот јазик бесплатни часови по конверзација на германски јазик. Целта на овие часови е подобрување на комуникативните вештини.
Австриската лекторка Регине Мертл ги води часовите и се обидува со помош на разни игри и со вклучување на актуелни теми, да ја поттикне употребата на германскиот јазик во работа со партнер или во мали групи. Притоа ќе се разговара за сите настанати лексиколошки и граматички проблеми.
Сите заинтересирани се срдечно добредојдени! (од А2 ниво
според Заедничката европска референтна рамка)
Се радуваме на Вашето доаѓање!
Во соработка со ОеАД – лекторат
http://nubsk.edu.mk/uslugi/za-korisnici/germanska-citalnica