X
 05.06.2019 Образование

Нема да се намали бројот на часови, а учебната година може да се продолжува. Што предвидува новиот закон за основно образование?

Учениците во основно образование ќе се организираат во ученички парламент. Парламентот ќе има претставници во училишниот одбор и ќе дава свои предлози за активности, за ученички екскурзии, како и предлози за ученичкиот стандард. Ова е предвидено со новиот нацрт-закон за основно образование, чија примена ќе почне од септември. Измените и новините денеска ги најави министерот Арбер Адеми.
- Ќе има измени и во однос на храната во училиштата. Нутритивниот квалитет ќе го утврдува Центарот за јавно здравје, а за неправилности ќе се известува Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Друга новина е тоа што ќе биде овозможено домашно образование за деца кои поради болест се отсутни повеќе од три недели од наставата - најави Адеми.
Учениците нема да учат во саботите. Нема да има ни намалување на бројот на часови. Новина е тоа што учениците од прво до петто одделение покрај одделенскиот наставник, на часовите по физичко ќе имаат и наставник по физичко и здравствено образование.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование