X
 20.01.2016 Технологија

Синдромот на Марк Закерберг и технолошките генијалци

Значаен дел од основачите на денешните технолошки компании имаат нешто заедничко. Во повеќето од нив ќе пронајдете бунтовник кој не ги почитува или сфаќа социјалните норми.


„The Washington post“ пишува за еден специфичен синдром кој го имаат дел од модерните генијалци. Се работи за Аспергеровиот синдром - пореметување кое се карактеризира со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Оние со дијагноза за Аспергеров синдром најчесто се невработени бидејќи вклопувањето во општеството за нив е тешко.

Типично дете со овој синдром не би прифатило културна или семејна норма, туку прво би барало логично објаснување за речиси сè околу него. Правењето на она што го прават другите едноставно не е логично решение за нив.

Еден лидер кој има некои карактеристики на Аспергеровиот синдром е Илон Маск, лидерот на „Tesla“ и „Space X“. Но, Маск вели дека ова му помогнало да успее.

„Наместо аналогно, размислувате додека дојдете до најосновните вистини кои може да ги замислите и започнувате да размислувате оттаму. Ова е добар начин да сфатите дали нешто има смисла или само сите други го прават“, изјавил Маск.

Како дете, Маск бил исмеван и малтретиран поради ваквиот начин на размислување.

Основачот на „Facebook“, Марк Закерберг, кој бил опишуван како „робот“, е друг лидер за кој е познато дека има блага форма од пореметувањето. Неговата желба да се биде различен и да ги игнорира социјалните норми се манифестираат на повеќе начини.

За него се зборува дека може да биде необично тивок за време на состаноци доколку размислува за нешто и секогаш носи иста облека бидејќи сака да се фокусира на носење правилни одлуки, наместо на модата и социјалните норми.

Една карактеристика која ја имаат лицата со Аспергеров синдром е и опсесивноста, која може да се исплати доколку барате голем успех. „The Washington post“ потсетува на почетоците на Бил Гејтс и Пол Ален од „Microsoft“. Еднаш Гејтс изјавил дека тие со часови останувале да програмираат заедно без да мислат на други работи, како одржување на хигиена.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија