X
 14.01.2018 Живот

Кога ќе запознаеш луѓе што ти даваат крилjа...


Предмет срце на стапче
(Фото: Pixabay)


Еднаш кога ќе запознаеш луѓе што ти даваат крилја, ќе сфатиш дека тоа е неописливо убаво чувство.

Прво, пријатно ќе те изненади фактот дека тие луѓе не те отфрлаат и покрај сите твои недостатоци, потоа нема да ти биде јасно зошто едни исти луѓе секогаш те поддржуваат во твоите надежи и стремежи, а на крајот ќе почувствуваш дека тие луѓе секогаш те инспирираат, го будат во тебе најдоброто, те прават подобар човек наспроти сè.

Колку пати во животот си сретнал луѓе-синџири, луѓе кои те ограничуваат, те сопираат на твојот пат? Си запознал и луѓе што ти велат дека твоите соништа се нереални и дека си фантазер, што секако го сметаат во негативна конотација. Колку пати си запознал луѓе што те празнат? Имено, пред средбата со нив си бил полн со позитивна енергија и живот, а по средбата како целото позитивно од тебе да испарило и веќе немаш сила за ништо, дури ни за самиот себе.

Еднаш кога ќе запознаеш луѓе што ти даваат крилја, ќе сфатиш дека тоа е подарок што не си го заслужил. Тоа се луѓе што секогаш имаат пофален збор за тебе, без оглед што ти мислиш дека не ја заслужуваш пофалбата, но тие во тебе гледаат нешто што ни самиот не можеш да го видиш.

Тие во тебе будат некаков потенцијал, а ти се фрлаш на негово зголемување, од нив слушаш толку искрени зборови на охрабрување кои не си ги чул дотогаш од никого и ти ги подигнуваат расположението и самодовербата, како и твојата верба во светот околу тебе.

Еднаш кога ќе запознаеш луѓе што ти даваат крилја, ќе сфатиш колку си благословен што си се нашол на патот на таквите луѓе. Ќе сфатиш дека истото тоа им го прават и на другите луѓе.

Ќе разбереш дека тоа се луѓе што имале тешко минато и не се само наивно позитивни.

Ќе разбереш дека тоа се луѓе што поминуваат низ твојот живот само еднаш.

И повеќе од сè, ќе сфатиш дека тоа е можност која се добива само еднаш во животот и потоа никогаш веќе нема да бидеш истиот, тоа е можност да летнеш и да станеш најдобриот „ти“.


Извор
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот