Да се биде студент, значи да се јуриша по знаење. Да се биде студент, значи да се граба по шансите. Да се биде студент, значи да се поставуваат важни прашања. Да се биде студент, значи борба за подоброто, за прогресивното. Да се биде студент, значи многу работи.
Од одбележувањето во 2013 година, фото: Отворен куфер
Да се биде студент во Македонија, значи и да се бориш за подобра чинија оброк, за повисока стипендија, за попусти, за да ти биде слушнат гласот кога не се согласуваш со некој закон или одлука што се однесува на нивниот студентски живот!
Драги студенти, денес светот го одбележува Интернационалниот ден на студентите, а кај нас е некако тивко. Ви посакуваме многу храброст во секојдневната борба со сите ветерници, измислени и вистински. Ви посакуваме да сте здружени, погласни и побројни за еден ден гордо да кажете дека сте академски граѓани на оваа земја. Бидете брзи и бесни во борбата за вашите права, а темелни и мудри во борбата за науката!
Направете секоја власт да се плаши од вас!