X
 26.01.2016 Образование

Државите од регионот "растураат" на меѓународни натпревари, каде сме ние?

Државите од регионот „растураат“ на меѓународни натпревари, каде сме ние? Македонските ученици имаат успеси на меѓународни натпревари по информатика, математика, физика, како и биологија и хемија, но сепак сме многу понеуспешни за разлика од другите Балкански земји. Која е причината за ова?



Од Здруженијата на наставници и Сојузите кои ги организираат државните натпревари и ги бираат децата- натпреварувачи, велат дека енергијата наместо на вежбии подготовки на тимот, ја трошат на тоа како да најдат пари да организираат натпревар, но и за карти за патот на олимпијадите. Тие бараат финансиска помош од државата, но и посериозен пристап од самите училишта кон натпреварите.

- Конкретно за информатика, до пред пет шест години бевме аутсајдери на светските олимпијади и едни од најслабите земји, но во последните години се враќаме со медали. Сега сме во првите 4-5 земји, но пак сме понеуспешни од Романија, Бугарија и Србија која има особени успеси. Наша најуспешна година ни е 2014, кога од Интернационалната олимпијада по информатика која се одржа во Тајван се вративме со еден сребрен и два бронзени медали. Лани, пак имавме послаба година и имавме успех само на Балканската олимпијада во Бугарија каде освоиме еден бронзен медал - вели универзитетскиот професор Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари.

Тој смета дека поголеми успеси би имале и ако државата вложи во органирање на натпреварите.

- Не добиваме никаква финансиска помош за организирање на домашните натпревари од кои потоа праќаме ученици на меѓународните натпревари.

Хрватска на пример лани добиле помош од 110 000 евра, а ние нула. Сите професори кои подоцна работат со учениците го прават на доброволна основа. Соработката со училиштата исто така зависи од нивната добра волја и ентузијазам. Некои наставници и директори се вложуваат во натпреварите, некои не ги интересира ништо освен редовната настава. Добро би било кога би се формализирала финансиската помош за Здруженијата -вели Јованов.

Тој додава дека интерсот за регионалните натпревари е добар и постојано се зголемува, па ако во 2009 година имале од 40 до 50 ученици, сега на натпреварите се пријавуваат и до 500 ученици.

Родители пак раскажуваат дека кога се во прашање регионалните натпревари, тие сами ги подоговуваат децата за тестовите.

- Сами им ги плаќаме картите да дојдат на натпревар во Скопје, сами ги плаќаме часовите за подоготовка бидејќи наставниците не вежбаат со децата. Не ни имаат време за тоа да бидеме искрени. Многу од децата, но и родителиоте се откажуваат од овие причини -вели родител.

Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија за разлика од Македонија „растураат“ со златни и сребрени медали на меѓународните олимпијади по физика. Проф есор Боце Митревски, претседател на Друштвото на физичарите на Македонија вели дека десеттина години наназад сме имале проблеми и сме без значителни меѓународни успеси по физика. Според него, приќината е лоша подготовка, пред се проблеми со финансиите.

- Лани учествуваме на меѓународна Олимпијада во Индија со пет ученици и се вративме со една пофалница. Годинава од овој ученик очекуваме многу повеќе.

Главниот проблем е во подготовките. Сами како здружение се снаоѓаме за пари, што не е лесно, а државна помош нема. Немаме пари ниту за карти за натпреварувачите да отидат на Олимпијада. Некои ученици дури сами бараат спонзори. Наместо на подготовки, енергијата таму ја трошиме. Откако ќе завршиме со републичките натопревари бираме тим, но тие деца треба секој ден да доаѓаат во Скопје за да вежбаат и да се подготват за меѓународното тестирање. Патот или сместувањето некој треба да го плати. Често и нема слух кај наставниците, директорите, да ги ослободат од настава и обврски по другите предмети и да се фокусираат на подготовки за натпреварите. Само со приватните училишта немаме такви проблеми, но со државните има. Потребна е поголема флексибилност за да имаме успеси - вели Митревски.

Лани, пак ученичката Сања Симоновиќ, средношколка од приватната гимназија „Јахја Кемал“ која победи на општинскиот, регионалниот и државниот натпревар по математика, како и на националната олимпијада, едвај најде пари да замине на најзначајните интернационални натпревари по математика.

Од лани за да се воспостави ред, постојат акредитации за здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од средните училишта, што значи дека не секој може да организира официјален натпревар. МОН го објави конкурсот лани, а за организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојузот на здруженија по одделен наставен предмет за период од три години почнувајќи од 2015 година. Министерството доделува и парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, за учениците од основните и средните училишта.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование