Двајца софтверски инженери изградиле робот кој може да решава Рубикова коцка за само 1 секунда. Со него, тие се надеваат дека ќе рушат рекорди.
Џеј Флетленд и Пол Роуз се инженерите кои стојат зад роботот. Тие велат дека нивната машина може да реши Рубикова коцка за точно 1,2 секунди. Видеото со кое го покажуваат тоа досега има неколку милиони прегледи.
Засега, рекордот за најбрзо решавање Рубикова коцка го има Закари Громко, студент од САД, кој изминатата година реши Рубикова коцка за 2,39 секунди.