X
 27.01.2016 Економија

Најголемите работодавци во светот

Верувале или не, „McDonald's“ сè уште не постигна глобална доминација. Иако функционираат 36.000 ресторани во над 100 земји низ светот, ланецот за брза храна е на четвртото место според бројот на вработени според статистиките на „Statista“.


Интернет-страницата неодамна објави листа на компании кои вработуваат најмногу луѓе во светот за 2015 година. На првото место, со неверојатни 3,2 милиони вработени, се наоѓа Министерството за одбрана во САД. Како изгледа листата?

1. Министерство за одбрана на САД (3,2 милиони)
2. Кинеска армија (2,3 милиони)
3. „Walmart“ (2,1 милиони)
4. „McDonald's“ (1,9 милиони)
5. Националниот сервис за здравство во САД (1,7 милиони)
6. Кинеската национална корпорација за бензин (1,6 милиони)
7. „State grid corporation of China“ (1,5 милиони)
8. Индиски железници (1,4 милиони)
9. Индиски воени сили (1,3 милиони)
10. „Foxconn“ (1,2 милиони)

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија