Дури и најмалата инфекција е штетна за нас. Но, колку е потешка инфекцијата, штетата е толку поголема.
Данските научници изминатата недела објавија дека во големо истражување спроведено на 190.000 луѓе виделе врска помеѓу инфекциите и намалувањето на коефициентот на интелигенција на личноста.
Колку е потешка инфекцијата на која сме изложени, толку е поголема штетата на мозокот. Ова оштетување може да трае низа години после болеста.
Делувањето на инфекциите е воочено на многу делови од телото, како стомакот, уринарниот тракт и кожата, но најголемата штета се забалежува на мозокот.
Кај хоспитализираните лица било откриено дека поради инфекција, нивниот коефициент на интелигенција бил понизок за 1,76 од просекот. Оние кои биле во болница повеќе од петпати имале полоши резултати за 9,4 од просекот.
Се работи за најголемото истражување од овој вид досега. Заклучокот од него е дека инфекцијата може да го погоди мозокот директно, но и преку воспаление на околните ткива.
Порано, инфекциите се поврзувале со депресија и шизофренија, но докажано е дека оние делуваат на когнитивните способности на личности кои страдаат од деменција.
Ова
истражување покажува дека инфекцијата го погодува мозокот и когнитивните способности кај здравите луѓе.
Дополнително, откриено е дека сите видови инфекции го погодуваат мозокот.
Потребни се повеќе истражувања за да се откријат механизмите кои лежат позади врските помеѓу имунолошкиот состав и здравјето на мозокот.