X
 04.01.2025 Технологија

„Паралино“ - практична апликација која овозможува споделување локација со членовите на семејството

Апликациите што се специјализирани за споделување локација веќе не се ништо ново, а семејствата често ги користат за да знаат каде се членовите, најмногу децата, во секое време – особено кога патуваат или се некаде надвор од нивниот дом. „Паралино“ е уште една таква апликација која се обидува да се позиционира меѓу прилично жестока конкуренција.

Апликацијата е убаво дизајнирана: прво, треба да отворите корисничка сметка, која може да биде локална (како гостин), иако секогаш е препорачливо да го завршите процесот на регистрација, кој вклучува користење адреса на е-пошта. Откако ќе го направите ова, треба да креирате семејна група и потоа да додадете членови во неа. Секој член мора да ја има инсталирано апликацијата и ќе добие код за да го додаде во саканата група, а потоа само треба да започне да ја споделува својата локација (споделувањето може да се прекине во секое време, но може да се постави и да ја споделува локацијата постојано). Локацијата ќе се прикаже на мапа заедно со неколку други информации како што се надморска височина, брзина и нивото на батеријата на паметниот телефон.

фотоизвор: Playstore screenshot

Секако, „Паралино“ нуди и некои дополнителни функции, така што е можно однапред да се дефинираат одредени локации и да се добиваат известувања кога членот што ја споделува локацијата ќе пристигне или ќе ја напушти таа локација, и добро е што целата комуникација е силно шифрирана.

Основното издание на „Паралино“ може да се користи бесплатно, но со ограничувања (една група со три члена), а за целосно искуство потребна е претплата која чини 43,99 евра годишно. Дополнително, засега е достапна само верзијата за „Андроид“, додека верзијата за „иОС“ уште е во развој.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија