X
 01.02.2016 Настани

Прв годишен форум за заштита на личните податоци

На 02-03 февруари 2016 година во амфитеатарот на ФИНКИ, ќе се одржи годишен форум за заштита на личните податоци, каде што учество ќе земат експерти од земјата, претставници на Норвешкиот орган за заштита на личните податоци, како и претставници од органите за заштита на личните податоци од земјите од Западен Балкан и ќе имаат можност да дискутираат за Cloud Computing и Cyber Security како теми кои имаат огромно влијание во сè побрзиот технолошки напредок и користењето на новите технологии при обработката на личните податоци.



Целта на одржувањето на Првиот Форум за заштита на личните податоци за земјите од Западен Балкан е воспоставување на регионална мрежа за соработка помеѓу органите за заштита на личните податоци која ќе помогне при размената на искуствата, знаењето и добрите практики при соочувањето со заедничките предизвици за заштитата на приватноста и личните податоци на граѓаните.

Овој Форум е дел од проектот „Континуирана поддршка за унапредување на системот за заштита на личните податоци“ кој се имплементира во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. На истиот ќе се промовира нова алатка – веб страница DeleteMe.mk, со која на граѓаните ќе им се овозможи на ефикасен, ефективен и транспарентен начин да се справат со нарушување на приватноста при користењето на социјалните мрежи.
Агенда

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани