Студентите од техничките факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
(Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Факултетот за
информатички науки и компјутерско инжинерство и Технолошко-Металуршкиот факултет), прв
пат, ќе организираат и ќе имаат можност да учествуваат на „Месец на претприемништво“.
Во текот на Февруари ќе се организираат неколку предавања, работилници и панел дискусии,
каде млади и успешни претприемачи, со огромен ентузијазам, ќе ги споделат сопствените
приказни, совети, искуства и тактики како студентите да ја реализираат сопствената бизнис идеја.
Настаните ќе се одржуваат во просториите на Факултетот за електротехника и информациски
технологии во наредните три викенди (13-14.02.2016, 20-21.02.2016 и 27-28.02.2016) од 12 до 15
часот.
Сите заинтересиран студенти може да се пријавуваат на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1sBPRDCzq5o7KgTcQ_jl5PuuLmx4wwIwY1n1Jsxnvc38/viewform?c=0
&w=1
Своето искуство пред студентите ќе го пренесат претставници на компаниите HASELT, Grouper,
Modular, Brainster, G6, МКхост, бизнис акцелараторите “Super-Founder” и “NewMan’s Business
Accelerator”, здружението за бизнис и претприемништво CEFE и голем број индивидуалци кои се
вклучени и се дел од старт-ап сцената во Македонија.
Целта на настанот е да се поттикне претпримачкиот дух кај студентите своите идеи да ги
претворат во реалност. Овој настан, преку програмата Еразмус+, во 2017 година ќе добие
интернационален карактер со учесници од цела Европа.
Организатори и иницијатори за одржувањето се студенти од Студентски парламент на ФЕИТ, во
соработка со домаќинот на настанот - Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии
во Скопје.