Саграда Фамилија е една од најпознатите градби во Барселона, Шпанија. Дизајнирана е од шпанскиот архитект Антони Гауди, кој започнал да ја гради во 1882 година. До времето на неговата смрт, била завршена само една четвртина од градбата. Сега, се приближуваме до крајот на изградбата, која се очекува за 2026 година.
„Не постои причина за жал дека нема да ја завршам црквата. Ќе остарам, но други ќе дојдат по мене. Она што мора да биде зачувано е духот на делото, но неговиот живот зависи од генерациите на кои се предава и со кои живее“, кажал Гауди за црквата.
Во видеото подолу ја гледаме целосната изградба на црквата и нејзиниот конечен изглед кој ќе се добие во 2026 година.