За време на пандемијата некои градови низ светот ги претворија улиците во пешачки зони. Милано трансформира улици со должина од 35 километри во велосипедски зони, а со тоа се намали користењето на автомобили во градот, а се зголеми бројот на жители што со велосипед одат на работа.
Барселона има поинаков пристап. Овој град им доделува картичка за бесплатен превоз со времетраење од три години на сите жители што ќе го продадат стариот автомобил. Картичката за превоз е лична и не може да се пренесе на друго лице, а се потврдува при секое патување.
Фото: Pixabay
Со неа е дозволено неограничено бесплатно користење на услуги на јавниот превоз во градското подрачје на Барселона во период од три години. Картичката се обновува еднаш годишно без дополнителни трошоци и се испраќа на домашната адреса.
Претходно Франција и Финска претставија слични иницијативи за поттикнување на возачите да ги заменат старите автомобили со електрични велосипеди.
Извор:
Green
Фото: Pixabay