X
 05.02.2016 Култура

Што ќе се случи со светот во наредните 10 години?

Приватната компанија за интелигенција од Тексас „Strategic Forecasting“ (Stratfor) ја објави својата прогноза како во идните 10 години ќе изгледа светскиот политички и економски развој, и верува дека ги идентификува главните трендови.

 

svet


Од компанијата велат дека светот во наредните 10 години ќе стане уште поопасен. Америка помалку ќе влијае врз светските случувања, а некои истакнати земји ќе поминуваат низ периоди на хаос и пропаѓање.

Компанијата била основана во 1996 година, а се истакнала со своите предвидувања за време на војната во Косово, кога нејзините аналитичари преку анализа на податоците добиени од земјите од Балканот, со голема сигурност го предвиделе текот на настаните во овој конфликт.

Во нивниот извештај за идните 10 години, тие истакнуваат промени со кои ќе се соочи светот.

1. Русија ќе пропадне

Нема да се крени бунт против Москва, меѓутоа намалувањето на способноста на власта да даде поддршка и да ја контролира целата Русија ќе ја стави земјата во вакуум, предупредуваат аналитичарите. Во овој вакуум ќе постојат само некои фрагменти од Руската Федерација.

Санкции, пад на цените на нафта, нестабилна рубља, зголемување на воените трошоци и зголемување на внатрешниот раздор ќе ја ослабат централната власт. Русија нема официјално да се распадне на повеќе земји, но моќта на Москва ќе ослабне до тој степен што ќе се формира преку серија на полу-автономни региони, кои можеби нема меѓусебно да се согласуваат.

2. Америка ќе мора да ја испрати својата војска за да ги обезбеди руските нуклеарни бомби


Руската нуклеарна инфраструктура се протега на огромна географска област. Ако навистина се случи политичка дезинтеграција на земјата, како што предвидува компанијата, тоа би можело да го ослабне целиот нејзин нуклеарен арсенал. Руската залиха на нуклеарно оружје ќе предизвика најголема криза во следната деценија.

Поради тоа Америка ќе мора да пронајде начин тоа да го реши, дури и ако тоа значи испраќање на своја војска за да го осигура руското оружје, нуклеарните материјали и ракетите.

„Вашингтон е единствен кој може да го реши проблемот, а нема да може да ја преземи контролата над голем број воени локации и нема да може да гарантира дека ниту еден проектил притоа нема да биде испуштен. Америка ќе мора да измисли некое воено решение или да се обиде да создаде стабилна и економски одржлива влада во регионите кадешто има нуклеарна инфраструктура и да го вклучи нејзиното неутрализирање“, се вели во извештајот.

 

4


3. Германија ќе има проблеми

Германската економија се базира на извозот и од тоа има корист од либерализацијата на трговијата на Стариот континент, обезбедена преку ЕУ и еврото, но тоа од друга страна значи дека оваа земја може најмногу да изгуби ако кризата во Европа се влоши.

Домашната потрошувачка нема да биде во можност да го надомести падот во германскиот извоз, а се предвидува и намалување на населението. Резултатот ќе биде стагнација слична на онаа која се случуваше во Јапонија.

4. Полска ќе биде дел од лидерите во Европа


Додека Германија ќе биде во пад, во центарот на економскиот раст и поголемо политичко влијание ќе се најде Полска. Бројот на населението нема да се намали толку колку во другите големи европски економии. Фактот дека станува збор за најголемата и најбогатата европска земја на западната руска граница ќе биде причина за нејзиното преземање на позицијата на лидер во регионот.

Во сето ова на Полска ќе и` помогне долгогодишното стратешко партнерство со Америка.

 

5


5. Европа ќе биде поделена на четири делови

Не толку одамна, европското единствено се чинеше стабилно, а политичките и економските бариери меѓу земјите избришани. Но во текот на следната деценија ова може да остане само далечно сеќавање. Според предвидувањата на компанијата, Европа ќе се подели на четири делови: Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и британски острови. Тие и понатаму ќе мораат да делат исто соседство, но повеќе нема да бидат толку тесно поврзани.

„ЕУ може да преживее, но економските, политичките и воените односи ќе бидат регулирани првенствено од страна на билатералните и мултилатералните ограничени односи кои нема да бидат обврзувачки“, се вели во извештајот.

6. Турција и Америка ќе мораат да соработуваат

Хаосот во некои арапски земји ќе потрае подолго време, од што најмногу ќе профитира Турција - силна, релативно стабилна земја чии граници се протегаат од Црното Море до Сирија и Ирак. Можеби нема да биде претерано расположена да интервенира во конфликтите на своите граници, но тоа на крајот ќе биде неизбежно. Како што ќе расте силата на Анкара, така Турција ќе стане близок партнер со Америка.

Но, притоа ќе сакаат и нешто за возврат: помош во одбраната против агресивниот сосед од другата страна на Црното Море, кој има воени бази во Ерменија - Русија.

7. Кина ќе се соочи со голем проблем

Идната деценија во Кина може да биде забележано растечкото незадоволство кон Комунистичката партија против забавување на економскиот раст. Но, Комунистичката партија нема да се либерализира, што значи дека единствената можност да ја задржи контролата ќе биде зголемување на внатрешната репресија.

Пекинг го очекува и друг, можеби и поголем проблем: кинескиот раст не е рамномерно географски распореден. Крајбрежните градови се успешни, но внатрешноста е лоша. Со понатамошна урбанизација овој проблем само ќе се влошува, што би можело да предизвика и опасни поделби и политички хаос.

 

9


8. Јапонија ќе биде водечка азиска поморска сила

Јапонија има вековна поморска традиција, која е поврзана и со својата геополитичка позиција. Но, со зголемувањето на поморската агресија на Кина, која ја зајакнува својата морнарица, во обид да ги контролира трговските патишта кон Источното и Јужното Кинеско Море и кон Индискиот Океан, на Јапонија нема да и` преостане друго, туку и таа да ја истакне својата поморска сила и заштита.

„Јапонија моментално зависи од поддршката на Америка. Но, со оглед на тоа дека се очекува претпазлив ангажман на Америка во иднина, како и тоа дека Америка не зависи од увозот, Јапонија ќе мора сама да се погрижи за себе“, наведуваат аналитичарите.

9. Околу островите во Јужното Кинеско Море нема да има конфликт

Регионалните сили ќе одлучат дали околу островите во Јужното Кинеско Море се исплаќа започнувањето на воен конфликт.

„Борбата во неколку мали острови нема да биде голема загриженост во регионот. Наместо тоа, ќе се појават три стари играчи. Русија, чија моќ ќе се намали и ќе ја изгуби способноста да ги заштити своите поморски интереси, Кина и Јапонија пак, ќе ги зајакнат своите позиции.

10. Ќе бидат создадени 16 (економски) мини-Кина

Забавувањето на кинеската економија ќе биде добра вест за неколку земји. Основното производство на работни места ќе замине од Кина и ќе се пресели во 16 економии во развој во кои ќе има вкупно 1.15 милијарди луѓе. Станува збор за Мексико, Никарагва, Доминиканската Република, Перу, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија, Бангладеш, Мјанмар, Шри Ланка, Лаос, Виетнам, Камбоџа, Филипини и Индонезија.

Во овие земји ќе биде забележан значително подобрување на економската ситуација во идните 10 години, како резултат на создавање на нови работни места.

 

11


11. Америка помалку ќе ја покажува и користи својата моќ


На нестабилноста во светот Америка ќе реагира такашто ќе настојува паметно да ги избира своите предизвици и повеќе нема да ја преземи водечката улога во решавањето на проблемите во светот. Растечката економија, зголемувањето на домашното производство и енергија, падот на извозот и безбедноста во најстабилниот дел од светот, ќе и` овозможат на Америка целосно да се изолира од светската криза.

„Америка и понатаму ќе биде главна економска, политичка и воена сила во светот, но во тоа помалку ќе се ангажира. Својата моќ помалку ќе ја покажува и користи“, велат прогнозите на компанијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура