Повеќето од луѓето денес седат во текот на речиси целиот ден, без разлика дали е за учење, работа, па дури и едноставно сурфање на интернет. Доколку сте еден од оние луѓе кои мора да седат речиси постојано, веројатно имате болки во грбот или одите искривено. Како да го подобрите седењето?
Во продолжение погледнете
инфографик кој ќе биде од помош.
За почеток, 'рбетот треба да биде потпрен на столицата. Главата е во центарот, исправена, а лактовите се сместени на столицата. Рамениците се опуштени. Задникот е сместен кон задниот дел од столицата. Стапалата се рамно на површината.