X
 27.01.2018 Политика

Франција ќе санкционира сексистички коментари на улиците!


Емануел Макрон
(Фото: AFP)


Французите се обидуваат да го искоренат сексизмот во своето општество, па новиот предлог-закон кој следната недела треба да се најде пред парламентот за усвојување, предвидува казна за секој јавен коментар за женското тело или изглед. Со предложената казна од 90 евра, се настојува да се помогне борбата против вознемирувањето на жените по улиците на француските градови. Таа парична казна ќе им се одреди на сите што се однесуваат „на начин кој ја крши слободата на движење на жените на јавните простори и го поткопува правото на самопочит како и правото на сигурност“.

Повеќе политичари заеднички работеле на известувањето како да се реши овој проблем и да се одреди што значи „сексуална навреда“. Со планираните мерки на властите им се обезбедува овластување да ги казнат оние кои ги следат жените низ улиците, им го блокираат патот или даваат непримерни коментари за нивните телесни особини.

Проблемот особено е изразен во средствата за јавен превоз во поголемите градови, па жените носат панталони наместо здолништа, од страв да не бидат злоставувани. Откако почна расправата по новиот закон, жените се охрабрија да зборуваат како биле сексуално вознемирувани во продавниците, во метрото и на улиците на Париз. Паричната казна се зголемува од 90 на 140 евра, односно дури на 375 евра ако се доцни со плаќањето.

Ова е замисла на француската министерка за рамноправност на половите, Марлен Шјапа, која лобира за мерки против секојдневниот сексизам што се случува во Франција. Се чека уште двајца француски министри, Никол Белубе за правда и Жерар Колон за внатрешни работи, да дадат мислење по конечниот текст на нацрт-законот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика