Од 10 октомври „Академија ЏИНГО“ од Скопје, започнува со предавања и обуки за уметничка и применета фотографија. Предавањата ќе ги врши Милан Џинго, сопственик на студиото и академијата за уметничка и применета фотографија кој повеќе од 40 години работи и твори во доменот на туризмот, уметноста, стопанството и издавачката дејност.
Тој смета дека денеска животот не може да се замисли без фотографијата која нѐ следи во магазините, весниците, билбордите низ улиците, како и социјалните мрежи, но исто така и факт е дека сите сме фотографи.
- Сите постојано снимаме со фотоапарати, таблети и мобилни телефони, а фотографите ги пласираме преку социјалните мрежи. Целта на академијата е посетителите да ја научат историјата на фотографијата,техниката за снимање и изработка на црно белата фотографија, но и да ја научат основата на секое снимање. За да направиш добра фотографија, треба да имаш неизмерна љубов кон фотографијата, добра опрема, но, најважна е идејата и целта на снимањето –смета Џинго.
Обуката за кандидатите ќе трае три месеци, ќе има мали групи од по шест учесници, а часовите ќе се одржуваат во попладневните часови. На крајот од обуката ќе има заедничка изложба.
Седиштето на академијата е во ТЦ Македонски ракотворби (Олимпико) на ул. Лондонска 19/9. Скопје.
Информации на тел. 075/ 424-078 или мејл: dzingo57@yahoo.com