X
 22.02.2016 Економија

Ова се најсилните брендови во регионот

„Valicon“, една од водечките агенции за пазарно советување и истражување на подрачјето на југоисточна Европа објави листа од најуспешни брендови во регионот. Подрачјето ги зафаќа сите земји од поранешна Југославија освен Црна Гора и Косово.


На првите две места на листата се наоѓаат странски брендови - „Милка“ и „Кока Кола“, додека на третото место се наоѓа производ на „Подравка“ - „Вегета“.

Следуваат „Цедевита“, „Смоки“ и „Аргета“ - сите брендови на „Атлантик“, а потоа „Орбит“, „Кокта“ и „Нивеа“. Најдобрите десет ги затвора „Јана“.


На листата не се наоѓаат локални брендови бидејќи анализата била спроведена на најголемите пазари во регионот.

Треба да се посочи дека поради големината на националниот пазар, српските брендови имаат мала предност пред останатите. Предноста е поради влијанието на големината на пазарот, но и неприсутноста на дисконтни трговци и лошиот развој на приватните трговски брендови во споредба со останатите земји, како Хрватска и Словенија.

Истражувањето било спровдено кон крајот на 2015 година на 1.000-1.500 луѓе по земја.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија