Најниска
минимална плата во регионот исплаќа Црна Гора – 193 евра, според податоците на даночната управа на таа земја. За споредба, работниците во БиХ, Македонија, Србија и во Косово земаат повисок износ на минимална плата.
Во регионот, минималната плата изнесува од 45 до 53 проценти од просечната исплатена плата, а најнизок сооднос меѓу овие две варијабли повторно е забележан во Црна Гора – само 37 проценти.
Минималната плата во Македонија изнесува 196 евра, додека просечната плата е 378 евра.
Во БиХ минималната плата е 208 евра, но просечната плата изнесува дури 438 евра.
За споредба, просечната плата во Србија изнесува 403 евра, а загарантираниот „минималец“ е 213 евра.
Просечната плата во Хрватска е 812 евра, а минималната плата изнесува 366 евра, додека во Словенија минималната заработувачка изнесува 614 евра, а просечната – 1.151.
Се смета дека работодавците во регионов намерно ги пријавуваат работниците на законски загарантираната минимална плата за да заштедат на ставката за придонеси и даноци, а разликата во нето-заработувачката на работниците им ја исплаќаат „на рака“, надвор од пријавеното официјално сметководство.