X
 25.02.2016 Образование

Како учењето јазик влијае на мозокот во староста?

Мислите дека сте премногу стари за учење нов странски јазик? Помислете повторно, посебно доколку сакате да го зачувате разумот во староста. Но, тоа е само еден начин на кој учењето странски јазик може да влијае на мозокот.


Од инфографик од „Sunbelt staffing“ дознаваме дека јазичните вештини се поврзани со зголемувањето на делот од мозокот наречен хипокампус и деловите од церебралниот кортекс, односно мозочната кора, што се поврзуваат со помнењето, мислењето и дејствувањето.

Истражување спроведено во Шведска во 2012 година покажува дека учењето странски јазик го зајакнува слојот на неврони одговорен за мислење, јазик, свест и помнење. Ова е поврзано со подоброто помнење и бистрото размислување во староста. Учењето втор јазик подоцна во животот го менува мозокот исто како и учењето комплексни моторни вештини, како џонглирање и танцување.

Од друга страна, истражување од 2013 година покажува дека учењето два јазика од раѓањето нема никакво влијание на мозокот. Кога станува збор за менувањето на начинот на кој размислуваме, постои теорија наречена лингвистичка релативност според која разликите меѓу јазиците водат до разлики во искуствата и размислувањето.

Перцепцијата на боја се користи за покажување на овој став бидејќи постојат големи разлики меѓу описите за боја од јазик до јазик. Така, во јапонскиот јазик има повеќе термини за светлосина и темносина кои ги нема во другите јазици, додека во други јазици има исти термини за бои за кои ние имаме повеќе различни термини.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование