Мозокот е способен за учење во која било доба, проблемот е самодовербата. Мозокот кај возрасните луѓе е далеку поплоден отколку што се мисли и е поспособен за создавање врски потребни за учење, покажуваат истражувањата што ги споменува
Би-би-си во својот напис за способноста за учење во повозрасната доба.
Одржувањето на кондицијата е особено важно за одржување на пластичноста на мозокот бидејќи вежбањето помага во отпуштањето на невротрансмитерите и хормоните за кои се знае дека поттикнуваат раст на нови мозочни клетки и синапси. Најголемата препрека во учењето во повозрасната доба е отсуството на самодоверба, особено кај луѓето постари од 60 години.
Иако луѓето во 30-тите, 50-тите или 90-тите мора да се соочат со некои посебни тешкотии, мозокот и тогаш има восхитувачка способност за учење и совладување многу нови вештини. Трудот вложен во совладување нови вештини повеќе ќе се исплати со одржување и зајакнување на општото когнитивно здравје.