X
 28.03.2024 Технологија

Со новата технологија роботите сѐ повеќе ќе личат на луѓето

Компанијата „Нвидија“ на својата конференција ГТЦ објавила хардверска и софтверска платформа за градење роботи кои личат на луѓе и вклучуваат генеративни функции на вештачка интелигенција. 

Новата платформа ќе се состои од компјутерски систем кој ќе ги контролира роботите и вештачката интелигенција како дел од проектот „Гр00т“, заедно со софтверски пакет кој вклучува генерирана вештачка интелигенција и други алатки за создавање хуманоидни роботи кои имитираат човечка интеракција. Благодарение на ова, роботите ќе бидат попаметни, побрзи и подобри во тешката индустрија, тврдат од компанијата.

Со додавање генеративна технологија за вештачка интелигенција, хуманоидните роботи ќе можат да преземаат активности врз основа на различни податоци кои вклучуваат јазик, видео, човечки демонстрации и нивните претходни искуства.

Рев Лебардијан, потпретседателот на „Омниверс и симулациски технологии“, платформа развиена под покровителство на компанијата „Нвидија“, изјави дека соработуваат со целиот глобален роботски симулациски екосистем за да го забрзаат развојот и усвојувањето на овие иновации.

Моќниот компјутер зад софтверот „генАИ“ е познат како „Џетсон Тор“ и се базира на еден од чиповите за вештачка интелигенција на компанијата, со дополнителен хардвер. Тоа треба да им обезбеди на роботите доволно моќ за извршување сложени задачи и интеракција со луѓе и други машини.

Пакетот софтверски алатки се нарекува „Ајзак платформ“, а новите функции на проектот „Гр00т“ и „генАИ“, се дизајнирани да работат со кој било хуманоиден робот во различни средини. „Нвидија“, исто така, извести дека ќе објави претходно обучени модели на роботи и друг софтвер кој ќе ги подобри функциите на роботската рака и можноста за сензори со повеќе камери.

Дали оваа приказна ве потсетува на добро познатиот симпатичен робот „Ц-3ПO“ од франшизата „Војна на ѕвездите“?

Извор: Benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија